Млекото го намалува нивото на шеќерот во крвта

Нутриционистите им препорачуваат на луѓето со дијабетес да пијат млеко наутро.
Млекото го регулира нивото на шеќер во крвта кај дијабетес тип 2.
Благодарение на високата концентрација на млечни протеини, ако пиете млеко за време на појадокот, помага да се одржи здраво ниво на шеќер во крвта во текот на денот, се вели во студијата објавена во Science Direct.
„Истражувачите откриле дека млекото го намалува шеќерот во крвта по оброкот на ефикасен начин“, пишува Science Direct.
Авторот на студијата, доктор Даглас Гоф, објаснил дека ова се должи на способноста на млекото да го забави варењето на јаглехидратите. Луѓето со дијабетес тип 2, според специјалистите, треба да консумираат млеко со малку маснотии.
Дијабетичарите треба да внесуваат и голема количина на протеини во телото, а најдобро е да внесуваат протеини за време на појадокот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.