Калциумот е неопходен минерал за силни коски и цврсти заби, помага во изградбата на мускулната маса и е сојузник на работата на мозокот. И спротивно од мислењето на многумина, не се наоѓа само во млечните производи, калциум има и во многу други намирници! Дознајте кои се најдобрите извори на калциум.
За да ги задоволите потребите на телото со овој минерал, можете да уживате во овие повеќе намирници. Погледнете ја листата која ви ја припремивме!
Бел грав
Тој е добар извор на калциум, па слободно може да го да го додавате во салатите, да правите вариво или намаз кој е сличен како хумусот. Еве добар рецепт за едноставен посен намаз од печурки и грав.
Сардини
Сардините се одличен извор на омега 3 масни киселини, витамин Д и калциум. Сардините имаат достапна цена, може да се најдат во речиси секој маркет, а нутриционистите препорачуваат да се јадат барем еднаш до два пати неделно. Тие имаат минимална содржина на маснотии, а богати се со протеини. Покрај тоа, постојат 5 добри причини да јадете сардини.
Сусам
Семките на сусамот не се само украс за лебот и печивата. Тие се енергетска бомба богата со хранливи материи, помагаат во снижување на крвниот притисок и намалување на воспаленијата. Покрај другото содржат и калциум. Секогаш кога избирате, дајте му предност на интегралниот сусам.
Сушени смокви
Тие се идеална ужинка, бидејќи го осигуруваат телото со растителни влакна, антиоксиданси, но и калциум.
Кељ
Кељот е прехранбена намирница со висок процент на хранливи материи, меѓу кои и калциум. Бидејќи ретко се наоѓа на нашите трпези, ви предалагаме да прочитате за здравствените придобивки од консумацијата на кељ – здрав зеленчук за кој недоволно знаеме.