Многумина не знаат колку младиот кромид е здрав: „Бомба“ за имунитет, ги зајакнува коските, но една група на луѓе не смее да го јаде!

Пролетта се приближува и тезгите на маркетите се веќе полни со младиот кромид!
Оваа скромна, вкусна храна е многу ефтина и ќе ве изненади со сè што прави за здравјето на организмот!
Една чаша ситно исечен млад кромид содржи повеќе од двојно препорачана доза на витамин К, што е важно за здравјето на коските и згрутчување на крвта.
Истиот дел содржи четвртина од дневната потребна доза на витамин Ц, што спречува оштетување на клетките како резултат на слободните радикали и е важно за зајакнување на имунитетот на природен начин.
Околу 16 проценти од фолатите, особено важни за бремените жени, се наоѓаат во овој скромен дел од младиот кромид.
Содржи многу малку калории, маснотии во трагови и нула холестерол. Младиот кромид, исто така, има помалку јаглехидрати и шеќери отколку компирот, морковот или пченката.
Доколку сакате да го користите на најдобар начин, грицкајте го со оброк или ставете го свеж во салата. Не го загревајте бидејќи тоа ќе ги уништи витамините. Важно е да се консултирате со лекар само ако земате разредувачи на крв затоа што голема доза на витамин К може да предизвика проблем.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.