Многу едноставен рецепт: Крцкави полжави со зелка

Иако оваа пита е во форма на полжав, таа се прави многу лесно и многу брзо.
Многу едноставен рецепт: Крцкави полжави со зелка
Потребни состојки:
парче пржена зелка
сол и бибер
тенки кори за пита
масло
малку кисела вода


Начин на подготовка:
1. На работната маса ставете една кора, премачкајте ја со масло и испрскајте ја со кисела вода.
2. Плехот премачкајте го со масло, а во пржената зелка додајте сол и бибер.
3. Врз кората ставете зелка и завиткајте ја во ролна, а потоа во форма на полжав.
4. Парчињата пита ставете ги во плехот и премачкајте ги со масло и со кисела вода. Печете на температура од 200 °C околу 30 минути.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.