Многу ни заинтересираната младина

Не дај боже да има случување каде сите млади луѓе ќе треба да издвојат 2, 3 часа од своето време за да ја исчистат околината во која работат, шетаат, живеат. Кај нас излезноста ќе биде помала и од 10%. Е, толку ни е развиена свеста за улогата во заедницата.
Сепак, учевме за тоа во раните школски денови, некој од нас и од дома научи нешто, но како сѐ тоа да изгуби смисла кога станавме полнолетни, бевме спремни да се грижиме сами за себе, да се осамосталиме. И, останавме дома со мама и тато, уживајќи во нивните плати и нашите каприци.
Кој е виновен што не разбираме дека имаме улога во сѐ што се случува околу нас? Менталитетот? Секогаш ли ќе се вадиме на тоа?
И потоа ќе се исмеваме на „Денот на дрвото“ и никој од нас ништо нема да засади ни тогаш, бидејќи мислиме дека сѐ сме решиле со бунтување против начелата. Дека, нели младите мораа да се бунтуваат за сѐ што не им се допаѓа и така да предизвикаат промена.
Затоа не садиме дрва на „Денот на дрвата“, одиме на кафе за време на штрајкот кој нѐ засега, не излегуваме да гласаме, не бараме промени, ама знаеме да си бркаме работа, да пиеме и да се забавуваме. Таков ни бил менталитетот и затоа сите нѐ сакале како народ.
Криви нѝ се родителите што не нѝ дозволиле да се осамосталиме(Пробајте!). Крив нѝ е западот зошто тие умеат сѐ подобро, а ние не сме тој тип на луѓе да се стремиме кон толку многу. Криво нѝ е времето, многу е променливо за да се усериозиме и однесуваме како зрели личности. Крива нѝ е Македонија, Струмица, Кичево, многу се мали. Крива нѝ е работата, мора да се работи.
Нема збор, нема подобри од нас за наоѓање виновници, а богами и оправдувања…Не дај боже да има случување каде сите млади луѓе ќе треба да издвојат 2, 3 часа од своето време за да ја исчистат око

Пронајдете не на следниве мрежи: