Мнозинството синдикални организации во УПОЗ го прифаќаат договорот со Владата за покачување на платите

За 95 проценти од досега изјаснетите синдикални организации на УПОЗ, прифатлив е договорот со Владата зголемување на платите за 40 проценти, информираат од УПОЗ. Во согласност со прифатениот предлог, како што нагласуваат, синдикалните организации при Синдикатот на УПОЗ во текот на денешниот ден се изјаснуваат дали се за зголемување на своите плати за 40 проценти.

– По изјаснувањето на сите синдикални организации, Синдикатот на УПОЗ во текот на наредната недела ќе оствари работна средба со претставниците на Владата, на која ќе бидат договорени опфатот и теркот на колективниот договор – се вели во соопштението од УПОЗ.

Претседателот на УПОЗ, Трпе Деаноски вчера по средбата со Премиерот Христијан Мицкоски рече дека барањето на синдикатот не било прифатено во целост, но Владата прифатила додатоците на плата да бидат исплаќани во однос на вработните во администрацијата и правосудството.

„Како што најавуваме минатата година, ќе бидат на неколку години, значи на три рати по 8 проценти, за жал не по 10 проценти, пак ќе повторам не ги добивме минатата година, меѓутоа еве сега Владата прифаќа да ги исплаќа од сега заедно со почеток од месец март, на начин на што сите институции во државна управа и правосудство ќе треба да потпишат поединечни и колективни договори за да го добијат ова право“, рече Деаноски.

Пронајдете не на следниве мрежи: