Моден евергрин: Класична бела маичка

Кое е вашето омилено основно парче облека, на кое би можеле да го изградите целиот изглед? Секако дека станува збор за класичната бела маичка! Овој класичен модел е основа на многу стилски изгледи, почнувајќи од спортски и кежуал комбинации, па сè до елегантни, женствени и комбинации за посебни прилики.
Тоа што ја прави белата маичка омилено модно парче, е можноста да се контролираат деталите и целиот стил околу неа. Токму едноставноста е тоа што ја прави оваа маичка со бесконечни можности за комбинирање. Таа секогаш ќе остане на врвот на модните листи, дури и покрај тоа што нејзиниот изглед се менува од сезона во сезона.


Оваа пролет, девојките ќе ја обожаваат преголемата бела маичка, која е идеална за лежерни комбинации и која може едноставно да се протне во тексас здолниште или во омилениот пар бојфренд џинс. Повторно, комбинации се бескрајни, па слободно продолжете да бидете креативни при градењето на стилот.


Покрај џинсот, белата маичка е одличен избор и за широките панталони со должина под колена за секојдневни комбинации или со панталоните со висок струк, за малку поелегантна прилика. Од друга страна пак, бидејќи белата маичка се смета за минималистичко парче облека, таа одлично се комбинира и со лелеавите бохо парчиња.


Токму оваа флексибилност и бескрајните можности за комбинирање ја прават класичната бела маичка моден евергрин.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.