Италијански суд и наложи на модната куќа Dolce&Gabbana да плати казна од 343 милиони евра, плус камата, затоа што на даночниците не им пријавила приход од неколку милиони евра, пишуваат италијанските медиуми.Меѓународниот моден гигант планира да вложи жалба на таа одлука, заради што плаќањето на казната ќе биде суспендирано, пренесе France Presse.Според агенцијата ADN Kronos, Dolce&Gabbana го прекршила законот со цел стекнување финансиска корист.Доменико Долче и Стефано Габана обвинети се дека во 2004 и 2005 година контролата над своите брендови ја префрлиле на фиктивна компанија во Луксембург, со што избегнале плаќање данок во Италија во износ од 420 милиони евра.Тужителите тврдат дека основањето на нивната компанија „Гадо“ во Луксембург е обид да се измами државата.
Макфакс Италијански суд и наложи на модната куќа Dolce&Gabbana да плати казна од 343 милиони евра, плус камата