Хрватскиот капитен Лука Модриќ добил ултиматум од претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез за неговата иднина во шпанскиот гигант.
Перез од Модриќ побарал да се повлече од националниот тим ако сака да го продолжи договорот со „кралевите“, кој му трае до 30 јуни.
Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти кажа дека сака да го задржи Модриќ, но плановите на Хрватот се да игра со националниот тим во Лигата на нации во јуни.
Модриќ се наоѓа пред тешка одлука затоа што не е лесно да се збогува со репрезентацијата за која одигра 162 меча и постигна 23 гола.