„Модриќ не му е потребен на Реал Мадрид!“

Дел од навивачите сметаат дека Модриќ е во лоша форма и не заслужува да остане во Мадрид уште една сезона, а така смета и поранешниот фудбалер на „кралевите“, Гути.

„Се сомневам дека Модриќ ќе остане. Нема да има поголема улога следната сезона и не му е потребен на Реал. Не знам дали ќе дојде Белингам или некој друг, но Модриќ мора да си замине“, кажа Гути.

Модриќ оваа сезона настапи на 22 меча за „кралскиот клуб“ и притоа постигна пет гола и две асистенции.

Пронајдете не на следниве мрежи: