Може да биде и опасно: Еве како да постапите ако ви тече крв од носот

Причините за оваа појава можат да бидат многубројни: фрактура, зголемен крвен притисок, болест на срцето, анемија, заразна болест или преголем физички напор.


Крвавењето од нос најчесто се јавува кај деца или постари лица, а посебно во текот на вирусните епидемии, при крајот на зимата и почетокот на пролетта, кога доаѓа по витамински дефицит во организмот. Крвавењето доаѓа ненадејно, често навечер, во текот на спиењето.

Може да биде и опасно: Еве како да постапите ако ви тече крв од носот

Слузокожата на носот е богата со капилари, посебно во предниот дел од носната преграда, каде најчесто доаѓа до крвавење.
Изгледот и општата состојба на пациентот зависат од интензитетот на крвавењето. Доколку тоа е потешко, се воочува бледило на кожата, забрзан пулс, а понекогаш доаѓа и до колапс.

Неопходно е најпрво да се смири човекот чиј нос крвари. Неговата глава мора да биде навалена напред, а со палецот и показалецот да се стисне носот во траење од 2-3 минути. На вратот е потребно да се стави ладна облога.
Ако крвавењето не престанува, болниот мора да се одведе на лекар, каде ќе му биде запрено крварењето, а на пациентот ќе биде извршено дијагностицирање и откривање на причината која довела до оваа појава.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.