Може ли да слабеете со јадење ананас?

Ананасот е вкусно жолто овошје кое има одличен вкус и е омилен додаток за смути или овесна каша, а исто така е неверојатно хранлив. Полн е со есенцијални витамини и минерали.
Ананасот е тропско овошје кое содржи витамин Ц, витамини од групата Б, растителни влакна и манган. Исто така содржи бромелаин, ензим за варење кој помага при варење на протеините.

Бромелаинот делува како протеаза, ензим кој ги разградува молекулите на протеините, како што се аминокиселините и малите пептиди. Откако ќе се распаднат протеините, тие полесно се апсорбираат низ тенкото црево. Исто така, има антиинфламаторно дејство, кое може да помогне во ублажување на болката. Ова е особено корисно за оние кои имаат артритис.
Манганот е одличен за здравјето и густината на коските, што може да го намали ризикот од остеопороза подоцна во животот, пишува Men’s Health.

Една чаша ананас содржи околу 78,9 милиграми витамин Ц, како и 2,3 грама влакна, заедно со 2,6 мг манган.
И на крај, ананасот е малку калоричен, богат со растителни влакна и многу вода, така што ќе ве засити многу брзо, што може да ви помогне да избегнете прејадување. Влакната ќе ја стимулираат работата на варењето, а со тоа и согоруваат калории, па ананасот е добар сојузник ако сакате да изгубите тежина.
Бирајте го свежото овошје пред сушено или конзервирано, бидејќи преработениот ананас содржи многу повеќе додаден шеќер.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.