четврток, 12 ноември 2026
Најново

Можни големи промени за ChatGPT – ова никому нема да му се допадне

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Во бета верзијата на апликацијата ChatGPT за Android, откриен е код кој навестува нови функции – вклучувајќи го и потенцијалното воведување реклами.

Во верзијата 1.2025.329, пронајдени се термини како „ads feature“, „search ad“, „bazaar content“ и „search ads carousel“, што укажува дека OpenAI експериментира со различни формати на реклами, веројатно во рамките на пребарувањето или одговорите на корисниците.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Досега, ChatGPT не прикажуваше реклами ниту во бесплатната верзија ниту во своите платени планови. Сепак, експертите веруваат дека рекламирањето може да стане нов начин на монетизација, особено сега кога трошоците за развој и одржување на големи модели вртоглаво растат.

OpenAI сè уште официјално не ја потврди оваа информација. Сем Алтман претходно изјави дека рекламите не се прв избор, но дека компанијата внимателно ги разгледува можните промени.

Иако функцијата сè уште не е активна, самото нејзино појавување во кодот на апликацијата укажува дека јавното тестирање на рекламите би можело да започне наскоро.