„Моите деца се молат 5 пати на ден, а јас не сум премината во ислам“: Јелена бин Драи за животот со шеикот

Јелена бин Драи, Мис Југославија во 1998 година, откри дека и покрај популарното мислење, не ја променила својата религија откако се омажила за милијардерот Саид бин Драи.

Родена во селото Жабаљ во близина на Нови Сад, Јелена денес се смета за една од најбогатите Србинки.

Таа има четири деца со сопругот Саида, а за време на гостувањето во подкаст, отворено зборуваше за луксузниот живот во Обединетите Арапски Емирати.

– Мојот сопруг и децата се муслимани, но јас сум православна. Никогаш не сум преминала во ислам, иако долго време се шпекулираше за тоа. Саид и децата се молат пет пати на ден, во што учествува дури и нашиот четиригодишен син. Верувам дека исламот учи на многу важни вредности и дека молитвите им помагаат да развијат дисциплина – рече Јелена.

Таа не крие дека има голема помош во организирањето на својот живот од бројни вработени кои патуваат насекаде со неа.

Јелена бин Драи

– Имаме четири деца – Азија (16), Хилал (13), Хамдан (12) и Рашид (4). Нивните обврски по училиште се бројни: шах, пијано, арапски јазик, кошарка, пливање… Добро сум организирана, но имам и голем тим дома. Готвачи, возачи, собарки и дадилки кои се со нас повеќе од десет години. Сите ги сметам за дел од семејството. Тие патуваат со нас каде и да одиме. Мојот возач, на пример, не е само возач – тој се грижи и за моите момчиња – рече Јелена бин Драи во подкастот на Лука Розајац.
The post „Моите деца се молат 5 пати на ден, а јас не сум премината во ислам“: Јелена бин Драи за животот со шеикот appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: