Молба за помош до Трамп – писмо од Македониум

Господине Претседателе Ви се обраќаме како на голем пријател на Македонија со голема молба да помогнете во нашето опстојување.
САД со признавањето на Република Македонија со нашето вековно и уставно име во 2004 год. особено со Декларација за стратешко партнерство и соработка од 7 мај 2008год, ни дава голена политичка и духовна поткрепа. Покрај тоа добивме и директна материјална помош за воспоставување на
фукнционална демократија. За наша голема жал корумпираните македонски власти овие пари место наменски да ги употребат за преструктуирање на државата, ги искористија за зајакнување на нивната апсолутистичка власт и за покривање на своите корупцијски и криминални дајствија. Тоталитарниот режим ги контролита медиумите и го уништи целиот државен систем во Македонија. Мала група луѓе ги инструментализираа институциите со една единствена цел – непречено да ги вршат своите ктиминални дејанија, а државата ја препуштија на повампирените агентури на балканските држави, Кои работат на враќање на темните сеништа од минатиот век.
Господине Претседателе Вие секако знаете дека во Македонија треба да се донесат крупни одлуки, но може ли да се донесат такви судбоносни одлуки за државата и нацијата, а притоа самиот народ да биде исклучен од политичкиот живот во државата, а во име на македонските граѓани, во Македонскиот парламент да одлучуваат осомничени за тероризам и тежок криминал.
На двајца од групата обвинети за тероризам од судот уште од порано им беше усвоена молбата, а други двајца од групата обвинети за тероризам, кои беа веќе седум месеци во притвор, на средина на активна судска расправа, беа пуштени да се бранат од слобода само пред два дена од поставување на дневен ред на крупно политичко прашање во Собранието на Република Макеоднија. За да се обезбеди присуство и на петтиот пратеник осомничен за тероризам, Собранието на Република Макеоднија повеќепати ја одложуваше седницата, чекајќи истиот да биде донесен од судот т.е. од притвор за да учествува на неа. Покрај петтемина пратеници осомничени за теросизам на седницата на Собранието присуствуваа и голем број на пратеници обвинети за тежок криминал, од кои еден имаше и правосилна пресуда за ефективна затворска казна.
Господине Претседателе, ве молиме немојте да дозволите клучните одлуки во Репувжблика Македонија да бидат донесени од криминалци и од обвинет и за тежок криминал и тероризам, без оглед на оправданоста и неопходноста на одлуките кои тие ќе ги донесат. Тоа е тешка навреда за сите граѓани на Република Макеоднија. Тоа е тешка навреда за целиот слободоумен свет и тежок удар врз светската демократија. Молиме со силата на Вашиот авторитет да го спречите тоа.
Од име на македонскиот народ, Ви благодариме.
Скопје, 08.ноември.2018 год.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.