Момчето што за чудо го преживеа Оклахомското торнадо, беше убиено од куче

5-годишно момче кое успеа да го преживее страшното торнадо кое ја нападна Оклахома и зема 24 жртви, а повреди 377 луѓе, го изгуби својот живот при напад од куче.
Семејството од Мур, Оклахома, во торнадото загубило сè што имало, но сепак сите членови останале живи, па се имале себеси. Родителите ги оставиле 5 годишниот син и две годишната ќерка во домот на нивни пријатели во Арканзас додека се справат со ситуацијата после торнадото и додека не успеат да обезбедат нов дом за семејството.
Но, никој не очекувал да се случи нешто толку бизарно во безбедното прибежиште за децата. Во неделата, куче од расата бул мастиф тешко 70 килограми го нападнало малото момче, го загризало за вратот, по што веднаш било одвоено од момчето од страна на неговиот сопственик. Тој успеал да го отргне кучето и веднаш заминал со момчето во блиската болница, каде било утврдено дека повредите се преголеми за момчето да преживее.
Се претпоставува дека кучето било вознемирено од плачењето на момчето па затоа го нападнало, и веднаш по нападот избегало. Од локалниот центар за згрижување на животни веднаш тргнале во потрага по животното. Истото го направиле и сите соседи кои биле запрепастени од ова дело. Кучето било пронајдено денот по случката, убиено од куршум. 5-годишно момче кое успеа да го преживее страшното торнадо кое ја нападна Оклахома и зема 24 жртви, а повреди 377 луѓе

Пронајдете не на следниве мрежи: