Момче од Хонг Конг на Фејсбук ја бара девојката со која се сликал во Охрид

Момче од Хонг Конг, преку објава на Фејсбук, во групата „Expats and Foreigners in Macedonia“, бара помош со цел да ја најде девојката со која се сликал во Охрид. Ако не ја познавате, но сметате дека ова е интересно, ќе ценам ако можете да ми помогнете што повеќе да се рашири оваа објава, пишува момчето на Фејсбук.
-Здраво на сите, јас сум од Хонг Конг. Го посетив Охрид на 7 октомври. Црквите, езерото, времето, тој е прекрасен град. Но, една мала случка го направи мојот впечаток за Охрид уште понезаборавен. Еве што се случи. Околу 11:30 часот, одев кон местото за ручек со други учесници од турата. Одеднаш, една девојка ми побара да се сликаме.
Најпрво се шокирав, но реков ок и ова е фотографијата- пишува момчето на Фејсбук.
Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.

mk_MK
mk_MK