Осумгодишно момче било погодено од гром во бугарскиот град Бургас додека било на плажа со родителите и сестрата.
На пат кон ресторанот ги зафатило силно невреме, кога решиле да побараат засолниште.
“Кога го удри гром, мајка му повика брза помош. Истрчав да проверам дали момчето е при свест. Мајката му дала вештачко дишење, а татко му го масирал срцето”, рекол Никола, случаен минувач кој случајно се нашол на плажата за време на невремето.
Момчето било однесено во болница од неговиот татко, каде што констатирале дека доживеал клиничка смрт.
Bulgaria: The Condition of a Child struck by Lightning in Burgas remains Criticalhttps://t.co/YBbKLHCfxJ pic.twitter.com/fftWzoS4z2
— Stanimir Petkov (@StanimirPetkov5) July 21, 2023
„Немаше витални функции и немаше срцева активност. Благодарение на брзата реакција на лекарите од Итната помош, кои веднаш му дадоа лекови и го интубираа, срцето на момчето повторно почна да чука“, изјави заменик директорот на болницата Светослав Тодоров.
Тој е сместен на одделението за интензивна нега и неговиот живот е во опасност.
„Првите 24 часа се критични. Направени му се нови тестови. Доби изгореници на градите и екстремитетите“, додаде Тодоров.
Докторот кој го прими и го интубира момчето рече дека апаратот покажал дека момчето имало миокарден инфаркт, но дека тестовите ќе потврдат дали тоа навистина е така.
Момчето е во индуцирана кома и нема оштетување на мозокот.
Закрепнувањето на момчето се очекува да биде долго и тешко.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.