Момчиња пливале во Треска и биле однесени од надојдената вода поради испуст на браната Матка

Три момчиња од кои едно на 18 години и две на 15 години кои се капеле во реката Треска биле однесени од надојдената вода предизвикана од зголемен испуст од браната „Матка“ за потребите на производство на електрична енергија.
Едното малолетно лице веднаш беше извлечено од водата, додека другите две лица беа пронајдени низводно по течението на реката Треска.

Центарот за управување со кризи попладнево соопшти дека сите три лица се спасени и немаат видливи повреди.
Пријавата е примена на Единствениот број за итни повици 112, а во акцијата за спасување учествувале припадници на Територијалната противпожарна единица, полициски службеници, екипа на Итната медицинска помош и жители на Општина Сарај.
The post Момчиња пливале во Треска и биле однесени од надојдената вода поради испуст на браната Матка appeared first on Provereno.

Пронајдете не на следниве мрежи: