четврток, 12 ноември 2026
Најново

Монако се шири со изградба на вештачки полуостров

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Монако планира да ја прошири својата мала територија со изградба на вештачки полуостров со површина од шест хектари, соопшти во петок принцот Алберт II од Монако.

„По студирање на разни проекти од 2008 година до денес, донесов одлука да го проширам кнежевството и тоа со изградба на вештачки полуостров на источната страна”, вели принцот од Монако во интервју за дневникот Monaco-Matin.
 Монако има површина од само два квадратни километри, што е премалку да ги прими сите богаташи кои доаѓаат во познатите казина, како и оние на кои им одговара даночната политика на земјата, пишува AFP.
 Новиот проект со големина од шест хектари ќе биде изграден во близина на Конгресниот центар „Грималди форум”, што значи дека територијата на државата ќе биде зголемена за три отсто.
 „Посебно ќе се води сметка за тоа новиот проект да ги почитува сите прописи за заштита на околината кои ќе се воведат во текот на градежните зафати, како и при користење на новоизградените површини”, додава принцот Алберт II.
Макфакс
Монако планира да ја прошири својата мала територија со изградба на вештачки полуостров со површина од шест хектари, с

Поврзани вести