Морковот го штити видот, целерот – коските, а за што е добар оревот?

Одредени намирници ги штитат токму оние органи на кои наликуваат, а за ваквиот факт денес малку се знае.
Доколку размислите, ќе забележите дека природата веродостојно се потрудила кога се во прашање сличностите, а во продолжение ви претставуваме три намирници кои наликуваат на човечките органи и здравствените продобивки од истите:
Морков – очи


Попречниот пресек на морковот наликува на човечкото око, односно на ирисот. Морковите се полни со витамини и антиоксиданси, како и бета каротен кој ги намалува шансите од губењето на вид особено кај постарите лица. Науката покажува дека морковот го поттикнува дотокот на крв во овој орган и ги унапредува функциите на очите.


Орев – мозок
Оревот изгледа како мозок, а наборите на јадрото наликуваат на мозочната кора. Научно е докажано дека оревите помагаат во развој на функцијата на мозокот бидејќи се богати со омега-3 масни киселини кои се навистина неопходни за здраво функционирање на овој орган. Според тоа, нема дилема дека оревот поволно делува на најважниот орган во човековиот организам кој 24 часа дневно управува со нашето тело и ум.
Целер – коски
Долгите стебла на целерот наликуваат баш на човечките коски. Целерот е одличен извор на силициум кој е дел од молекуларната структура на коските и кој помага во нивно зајакнување. Покрај оваа сличност, постои и друга, а тоа е дека коските содржат 23 отсто натриум во себе, токму како и целерот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.