Москва и Пекинг се решени да го бранат правилниот поглед на историјата на Втората светска војна

Москва и Пекинг се решени да го бранат правилниот поглед на историјата на Втората светска војна, соопшти кинеското Министерство за надворешни работи, коментирајќи ја претстојната посета на кинескиот претседател Си Џинпинг на Русија.

„Кинескиот претседател Си Џинпинг и рускиот претседател Владимир Путин постигнаа консензус за заедничко зачувување на историјата, негување на споменот на паднатите херои, промовирање на правилен поглед на историјата на Втората светска војна, одбрана на резултатите од победата во Втората светска војна и повоениот меѓународен поредок и заштита на меѓународната правда“, се вели во соопштението на кинеското Министерство за надворешни работи. Министерството нагласи дека Кина и Русија ќе продолжат да ја зајакнуваат тесната соработка во рамките на Обединетите нации, Шангајската организација за соработка (ШОС) и БРИКС, „да го обединат глобалниот Југ и да го насочат глобалното управување во вистинската насока“.

Во соопштението се наведува дека Кина и Русија ќе продолжат „да заземаат јасен став против унилатерализмот и заплашувањето и ќе работат заедно за промовирање на праведен и уреден мултиполарен свет и инклузивна економска глобализација“. „Уверени сме дека важниот консензус постигнат од страна на шефовите на двете држави несомнено ќе ја продлабочи политичката меѓусебна доверба меѓу Кина и Русија, ќе ја збогати содржината на нивната стратешка соработка, ќе ја промовира практичната соработка во различни области и ќе им донесе уште поголеми придобивки на народите на двете земји“, се заклучува во соопштението. На покана на рускиот претседател Владимир Путин, кинескиот претседател Си Џинпинг ќе престојува во државна посета на Русија од 7 до 10 мај, за време на која ќе учествува на свечени настани по повод 80-годишнината од победата во Втората светска војна.

Пронајдете не на следниве мрежи: