Мојот став е непроменет

Останувам доследно да се придржувам на изградените ставови од претходните претседатели на Република Македонија, а тоа е дека процесот за името мора да се води во рамката утврдена од Обединетите Нации и било кој документ мора да биде предмет на разгедување и од страна на експерти по меѓународно право и меѓународни односи, рече претседателот Ѓорге Иванов, по денешната информативна средба на државно-политичкиот врв во Клубот на пратеници.
-Како што беше најавувано, ова е средба од информативен карактер, средба на која премиерот и министерот за надворени работи не информираа за последниот тек на настаните поврзани со процесот за изнаоѓање решение со проблемот што го има нашиот сосед со нашето уставно име. Бевме прв пат информирани за некои работи кои сега прв пат ги слушнавме. Тие се усно пренесени, така што очекуваме за сите овие предлози и идеи да добиеме и писмен документ, за да може да се гради став. На овој состанок не изградивме став, туку само ги добивме информациите, рече претседателот Иванов.
Очекувам дека во иднина, како што рече Иванов, нема да бидам селективно и нецелосно информиран за процесот.
-Очекувам барем основниот документ на кој се гради овој предлог, а тоа е првиот што го дала грчката страна, да имаме увид, за да знаеме за кои прашања и воопшто се разговара. Јас досега сум бил принципиелен и останувам доследно да се придржувам на изградените ставови од претходните претседатели на Република Македонија, а тоа е дека процесот мора да се води во рамката утврдена од Обединетите Нации и било кој документ мора да биде предмет на разгедување не само на лидерите на партиите и на државниот врв, како што тоа беше денес, туку мора за тоа да се консултираат и експерти по меѓународно право и меѓународни односи, затоа што видовме во минатото недоследност од грчка страна кога станува збор за документ којшто треба да го усвојат и двете страни. Останува сега да добиеме писмен документ, по него да се произнесеме и да градиме став, изјави претседателот Иванов по средбата.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.