Мојсоска: И Македонците и Албанците се иселуваат во држави каде не говорат на својот мајчин јазик

И Македонците и Албанците се иселуваат во држави каде не говорат на својот мајчин јазик, вели во ијзава за Плусинфо генералниот секретар на Левица, Јована Мојсоска.

-,,Низ годините се покажа дека СДСМ ги исполнува сите барања на албанските партии, а за жал, албанскиот политички блок не најде сила да се солидализира со македонскиот народ кога е загрозен неговиот идентитет од шовинистичките барања на соседните држави.

Таков беше случајот со Преспанскиот договор, а таков е и сега со Бугарија. Јас дури сметам дека целокупното албанско население НЕ СЕ СОГЛАСУВА со политиките што ги водат албанските политички партии, а тоа најдобро се забележа на Референдумот во 2018 година, кога во скопската населба Чаир, каде што најголем дел од населението е албанско, имаше едвај 35% излезност.

Тоа значи дека албанските партии немаат ЛЕГИТИМИТЕТ кој го влечат од албанското гласачко тело. Јас апсолутно не мислам дека главниот проблем на Албанците во моментов е како се заведени во македонскиот Устав, со оглед на тоа што и тие, исто како и Македонците, постојано се иселуваат во држави каде што воопшто не говорат на својот мајчин јазик.

Поминавме многу работи заедно и веќе не паѓаме на вакви евтини трикови.” – вели Мојсоска.

Пронајдете не на следниве мрежи: