ЕВРОПА СЕ МЕНУВА Мразам странци! Убиецот на тројца Курди во Париз го чувал последниот куршум за себе

Убиецот на тројца Курди во Париз пред истражителите изјавил дека мотивот му е омраза кон странците, објави париската јавна обвинителка Лаура Беку.
ЕВРОПА СЕ МЕНУВА Мразам странци! Убиецот на тројца Курди во Париз го чувал последниот куршум за себе

Шеесет и деветгодишниот убиец, од претходно познат на полицијата, на сослушувањето изјавил дека грабежот на неговата куќа во 2016 година кај него предизвикал омраза кон странците и кај него предизвикало психичко растројство, пренесува Ројтерс.

„Тој се опиша себеси како депресивен човек со самоубиствени мисли и тврдеше дека го чувал последниот куршум за самоубиство по злосторството“, додаде Бецку.

Убиствата беа извршени на 23 декември во 10-тиот арондисман во Париз, во близина на Курдскиот културен центар Ахмет Каја и во околните курдски продавници.

Во нападот загина една жена и двајца мажи, а три лица кои се полесно повредени во моментов се на болничко лекување.

Културниот центар Ахмет Каја е место за состаноци на Демократскиот центар на Курдите во Франција, главниот огранок на курдското националистичко движење и правен претставник на Курдистанската работничка партија – организација која е во војна со турската држава.

Убиството предизвика немири во француската курдска заедница, а илјадници луѓе ширум земјата вчера се собраа за поддршка на Курдите.

На митингот во Париз, група демонстранти се судрија со полицијата, која одговори со солзавец.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.