Мрзелива лазања: Ручек готов за 20 минути

Состојки:
1 кесичка замрзнати равиоли (полнети со сирење, месо или печурки);
250мл. сос од домати или сос за тестенини, по избор;
150гр. рендано сирење моцарела;
малку сув босилек.

Подготовка:
Загрејте ја рерната на 180 степени. Во огноотпорен сад истурете малку доматен сос.
Наредете ред равиоли, сос од домати и парчиња сирење. Потоа повторете го процесот.
Одозгора посипете со сув босилек. Печете додека сирењето не се растопи и сосот не зоврие, околу 15-20 минути.
На здравје!

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.