Наводно, неговите агенти го информирале раководството на Челси дека португалскиот стратег би можел да го преземе кормилото кога ќе ја заврши втората сезона со Рома.
На Челси не му оди најдобро под водство на Грем Потер, па клубот веќе размислува за тренерска смена.
Мурињо имаше лоша разделба со Абрамович, но рускиот милијардер е минато во Челси, па сега е отворена вратата за враќање на Португалецот.
Доколку Мурињо се врати во Челси, тоа би било третпат како ќе биде тренер на сините.