Мусака од шампињони

За љубителите на печурки, ова јадење ќе биде вистинско уживање.
Потребно е:
500 г шампињони
2 главици кромид
100 г сланина
2 лажици масло
2 чешниња лук
10 кришки леб
250 мл млеко
200 мл кисело млеко
3 јајца
мелен сув зачин
магдонос
оригано
сол, бибер


Подготовка:
– Шампињоните измијте ги убаво и исецкајте го на листови.
– Лукот и кромидот исецкајте ги ситно. Сланината исецкајте ја на тенки ленти.
– На загреано масло пропржете го кромидот и сланината и потоа додадете ги сецканите шампињони. Оставете да се динста. По некое време додадете сол, бибер, сецканото лукче, малку оригано, магдонос и мелен сув зачин.
– Во намастена огноотпорна тава наредете 5 кришки леб претходно потопени во млеко.
– Врз нив распоредете рамномерно половина од филот со печурки. Сега повторно наредете еден ред леб натопен во млеко. Врз него остатокот од филот.
– Изматете ги јајцата и во нив додадете го киселото млеко. Измешајте за да добиете хомогена смеса. Оваа течност прелијте ја врз мусаката во тавата и ставете да се пече во претходно загреана рерна на 160 целзиусови степени околу 20 минути.
– Мусаката од шампињони оставете малку да се излади, пресечете ја на коцки и послужете ја.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.