Мусака со компир и модар патлиџан

1,5 кг компири
1 модар патлиџан
600 г мелено месо
1 главица кромид
масло
сол и мелен црн пипер
За прелив
4 јајца
300 мл млеко
150 мл јогурт
Компирите излупете ги и исечкајте ги на кругови. И модриот патлиџан излупете го, исечете го на кругови и испржете ги.
Исечканиот кромид пржете го на масло додека омекне. Додадете го меленото месо и откако ќе се испржи зачинете.
Во тава наредете половина од круговите компири и посолете. Врз нив наредете кругови модар патлиџан и посолете. Нанесете го меленото месо, па прво наредете уште еден ред модар патлиџан, а потоа и преостанатите кругови компири. Печете околу 1 час на 180 степени.
За преливот изматете ги јајцата со жица. Додадете ги јогуртот и млекото, и промешајте. Прелијте ја мусаката и печете уште 20-тина минути на 200 степени.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.