Мусака со чадено пилешко филе

1 1/2 кг компири
500 г чадено пилешко филе
4 варени јајца
3 јајца
500 г ленти кашкавал
500 мл хопла
40 г рендан Пармезан
1 лажица сув зачин
масло, сол и мелен црна пипер
Компирите сварете ги и оставете ги да изладат. Излупете ги, еден килограм исечете на кругови, а преостанатите компири изрендајте ги на крупната страна од рендето.
Чаденото пилешко сварете го и исчете го на коцки.
Варените јајца изрендајте ги на крупната страна од рендето.
Во тава или огноотпорен сад попрскајте масло и наредете половина од круговите компири. Посолете, и наросете црн пипер и сув зачин. Потоа нанесете половина од коцките месо и наредете ленти кашкавал. Врз нив нанесете половина од изренданите јајца и ренданите компири, и повторно зачинете. Доредете ги преостанатите сосотојки, завршувајќи со преостанатите кругови компири.
Нанесете прелив од 3 изматени јајца измешани со хоплата и зачинете. Наросете Пармезан и печете ја мусаката 40 минути на 200 степени.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.