Потребни состојки:
500 г шампињони
2 главици кромид
100 г сушена сланина
2 лажици масло
2 чешниња лук
10 кришки леб
250 мл млеко
200 мл кисела павлака
3 јајца
Магдонос
Сол, бибер и оригано
Начин на подготовка:
Исечкајте ги печурките на листови. Исечкајте ги лукот, кромидот и магдоносот. Сланината исечкајте ја на тенки листови.
Пропржете ја сланината и исечканиот кромид, па додајте ги и печурките. Посолете, додајте бибер и оригано, додајте го и лукот, малку оригано и магдонос и оставете да се динста.
Во премачкана тава наредете 5 кришки леб кои претходно ќе ги потопите во млеко. Одозгора врз нив додадете од смесата со шампињони, па повторно ставете еден ред леб. Додајте ги и останатите печурки и прелијте со павлака и јајца. Печете на 160 степени околу 20 минути.