Муслиманите денес го слават Курбан Бајрам

Денес верниците од муслиманска вероисповед го слават празникот Курбан Бајрам. Со утринската молитва Сабах-намаз, а потоа и со молитвата Бајрам-намаз почнува тридневна прослава, во која својата почит кон Алах муслиманите ја искажуваат со колење курбан.
Курбан Бајрам е 70 дена по првиот Бајрам во годината, Фитр Бајрам, а го обележува денот кога е комплетиран Светиот куран.
Хуманизмот, хармоничните односи меѓу луѓето, меѓу човекот и светот и стремежот кон мир и благосостојба, како основни принципи на Исламот, на Бајрам се исполнуваат со посетување на роднините и пријателите и со честитки и добри желби за секој намерник.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.