Муцунски на проштална средба со Агелер

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, на социјалните мрежи објави фотографии од, како што вели тој, проштална средба со амбасадорката Агелер, која неодамна беше отповикана од должноста амбасадор на САД во Македонија.

– Денеска остварив проштална средба со амбасадорката на Соединетите Американски Држави, Ангела Агелер.

Изразив благодарност за нејзиниот севкупен ангажман и значајниот придонес во унапредувањето на политичката и економската соработка, како и за јакнењето на стратешкото партнерство и одличните билатерални односи меѓу двете земји за време на нејзиниот мандат.

На средбата изразивме заемно задоволство од континуитетот на политичкиот дијалог на високо ниво и од развојот на соработката во сите области од заемен интерес.

Воедно, разменивме мислења за актуелните геополитички случувања и безбедносни предизвици, при што ја потврдивме заедничката посветеност на стабилноста на Западен Балкан и силното сојузништво во рамките на НАТО. – објави Муцунски на Фејсбук.

Пронајдете не на следниве мрежи: