Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, учествуваше на свечен прием во рамките на Парламентарното собрание на НАТО, заедно со генералниот секретар на НАТО Марк Руте, претседателите на Албанија, Косово и Црна Гора, високи претставници од Хрватска и Босна и Херцеговина, како и други регионални лидери. Настанот се одржа на историската локација каде што беше потпишан Дејтонскиот договор – воздухопловната база „Врајт-Патерсон“.
Муцунски на својот фејсбук-профил истакна дека значењето на Дејтонскиот договор беше во фокусот на разговорите, со посебен акцент на потребата за засилена регионална соработка, стабилност и безбедност.
Настанот претставуваше важна можност за продлабочување на дипломатските односи и размена на визии за заедничката евроатлантска иднина на регионот.
Пронајдете не на следниве мрежи:



