четврток, 12 ноември 2026
Најново

Муцунски не очекува резолуцијата во ООН да има последици врз патот кон членство во ЕУ

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, вечерва во гостување на ТВ21 рече дека не очекува резолуцијата во Обединетите нации за Украина, која беше подготвена од САД, а на која земјава беше коспонзор, да донесе последици за нашето членство во ЕУ.

Македонија во исто време гласаше „воздржано“ на резолуцијата за Украина која ја поддржаа сите членки на Европската унија, освен Унгарија.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

-Искрено не очекувам. Факт е дека сојузници некогаш по однос на некои прашања може и да не се согласуваат, но факт е дека дента по оваа резолуција кога САД и Франција беа на спротивставени страни, претседателот Макрон отиде во Белата куќа кај претседателот Трамп и кажа дека Франција и САД секогаш се на вистинската страна на историјата. Факт е дека овие земји-членки за кои зборувате, дел од нив можеа да гласаат и против оваа резолуција во Советот за безбедност, а дури и дел од нив можеа и вето да стават, а одлучија тоа да не го направат“, рече Муцунски.

Поврзани вести