Му се смееше цел свет, а неговата ќерка е вистинска убавица: Ова е наследничката на Мистер Бин!

Рован Аткинсон сите го знаат од култните улоги во сериите „Црна гуја“ и „Мистер Бин“, а приватниот живот на овој актер е исто така забавен како и неговите улоги.
Актерот овие денови го прослави 67 роденден, а малкумина знаат дека неговата неговата кариера за малку ќе тргнеше во друг правец.
Имено, Аткинсон завршил елекетротехника во Њукасал по што започнал да работи на докторат, но тоа го прекинало неговата љубов кон глумата. Прво започнал да работи како водител на „Би-би-си“, а емисиите го вивнале во светот на славните. Благодрание на својот талент, тој веднаш почнувал да добива понуди, а „Црна гуја“ и „Мистер Бин“ ја обележаа неговата кариера. Тој се појави и во бројни други проекти, а во една прилика изјавил дека не му е чудно што „Мистер Бин“ стана толку многу популарен.


– Гледајќи ги возрасните како се однесуваат на детски начин, а без да знаат дека тоа е премногу смешно. Факт е дека комедијата во принцип е повеќе визуелна, отколку вербална и на тој начин може да оствари меѓународен успех – раскажал Рован во едно интервју.
Неговиот приватен живот бил преполн со неочекувани ситуации. Додека бил на патување во Кенија во 2001 година, пилотот на неговиот приватен авион се онесвестил. Во таа ситуација Рован седнал на местото на пилотот и го одржувал авионот во лет додека не се освести пилотот.


Еткинсон се оженил само еднаш и тоа во далечната 1990 година со Санетра Систри, со која добил две деца, Бен и Лили, но на нивната идила и дошло крајот во 2014 година, кога се дозна за аферата помеѓу Рован и комичарката Луиса Форд. Така семејството се распаднало, а актерот се развел од сопругата, а пред четири години го дочека и своето трето дете. И денеска е во врска со Луиса, а се запознале додека заедно работеле на проект.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.