Му стави крај на долгогодишниот имиџ кој го промени во Охрид: Жељко Самарџиќ со нов изглед, а фановите му порачаа само едно!

Популарниот српски пејач Жељко Самарџиќ (64) потполно го промени својот изглед, а на прв поглед ретко кој може да го препознае.
Иако сите беа изненадени кога ја пушти брадата и мустаќите тој не сакаше да го менува стилот поради мислењето на другите, а сега кога сите се навикнаа на неговиот изглед пејачот одлучи дека дојде време за промена.
Имено пејачот целосно ја избричи брадата и мустаќите кои беа негов заштитен знак во последниве неколку години и сега се врати буквално стариот Жељко од пред неколку години.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Željko Samardžić (@zeljko_samardzic) on


Тој на својот Инстаграм профил сподели фотографии со фановите од неговиот нов имиџ, а тие веднаш го преплавија со позитивни коментар.
„Браво конечно оној стариот Жељко“, „Брадата имаше посебен шмек, но ова си ти“, „Сега сте супер“, се само дел од коментарите под фотографиите.

 

View this post on Instagram

 

☕️

A post shared by Željko Samardžić (@zeljko_samardzic) on


Инаку Жељко Самарџик во едно интервју неодамна раскажа и за тоа како го променил својот изглед пред неколку години, а сето тоа започнало од Охрид додека бил на летување.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.