Може да биде тешко да се држите во чекор со денешното темпо на „здраво живеење“ – доволно сон, редовно вежбање, здрава исхрана, консумирање витамини… Списокот е бесконечен.
Она што е сигурно е фактот дека во ништо не треба да претерувате бидејќи со тоа темпо и здравите навики брзо можат да станат нездрави.
1.Зеленчук
Истражувањата покажаа дека исхраната богата со овошје и зеленчук може да ја подобри борбата против кардиоваскуларните болести и да помогне во одржување на здрава тежина. Сепак, премногу зеленчук може да има несакани ефекти, особено за луѓето со синдром на нервозно дебело црево (IBS).
Имено, зеленчукот е полн со влакна, па предизвикува надуеност, а тоа особено важи за зелката и брокулата.
2.Додатоци
Иако витамините и суплементите се одлична работа – особено за оние кои страдаат од недостаток, прекумерната потрошувачка на одредени витамини може да предизвика несакани ефекти.
Познато е дека витаминот Ц предизвикува гадење, грчеви и проблеми со цревата.
Витаминот Д и цинкот се исклучително корисни, но неопходно е да се прават паузи при нивното консумирање.
Препорачливо е да направите тест на крвта, за да проверите кои витамини му недостигаат на организмот и да ги консумирате според потребите.
3.Флаширана вода
И покрај популарното верување – флашираната вода не е секогаш подобро решение. Имено, пластичните шишиња често содржат различни хемиски материи кои се штетни за организмот, па водата од чешма, доколку е чиста, е подобар избор.
4.Избегнување на масти
Мастите се неопходни за енергија и секојдневно функционирање, а можат да бидат и здрави, па затоа нема потреба да се плашите од нив.
Јаткасти плодови, семки, авокадо – сетo ова е храна полна со здрави масти кои ќе ви помогнат да бидете витални.
5.Гума за џвакање
Гумата за џвакање е одлична работа кога сакате да го „убиете гладот“ или да го подготвите вашето непце за следниот оброк.
Меѓутоа, истражувањата покажуваат дека не е толку здравa бидејќи предизвикува надуеност.