Навики што можат да го ослабнат имунитетот

Во овој период, кога епидемијата на коронавирусот е во полн ек, треба да внимаваме на нашиот имунитет.
Дали знаевте дека одредени навики и чувства може да го нарушат имунитетот и да го направат организмот помалку отпорен на болести и вируси?
За да може телото да се брани, потребно е редовно да вежбате, да спиете доволно и да се храните здраво, велат лекарите.
Покрај тоа, се препорачува да внимавате на следниве работи:
Долго седење
Отсуството на физичка активност нѐ прави помалку отпорни на вируси и бактерии.
Студија објавена во британскиот British Journal of Sports Medicine, покажа дека инфекциите на респираторниот тракт траат 42% подолго кај луѓето кои не вежбаат и имаат посилни симптоми од оние кои вежбале пет пати неделно.


Се нервирате за ситници
Не е лесно да останете смирени при стресни ситуации, но ако сакате добро здравје, мора да научите подобро да се справувате со стресот. Постојаната изложеност на стрес може да направи огромни промени во организмот.
Една студија докажа дека луѓето кои се изложени на стрес, имаат поголема веројатност да настинат.
ОсаменостЛуѓето кои се чувствуваат осамено се подложни на вируси и настинки.
Осамените луѓе, покажа студијата, имаат поголемо ниво на хормон норадреналин. Овој хормон го стимулира телото да произведува бели крвни зрнца кои се борат против повреди или оштетувања, но истовремено го забавува и делот на имунолошкиот систем кој се бори против вирусот.
Кога се чувствувате осамено или тажно, јавете се или заминете кај вашиот пријател или член на семејството.
Тоа е најдобриот начин да го сочувате здравјето на имунолошкиот систем. Поддршката од драги луѓе е исклучително важна во овој период.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.