Со донесувањето на измените во Законот за електронски комуникации, Министерството за дигитална трансформација ќе има зголемена способност за справување со нелегалните оператори на игри на среќа, изјави министерот Стефан Андоновски. „Веќе сме подготвиле методологија за контрола и забрана на овие нелегални активности. Два до три пати месечно, Државната лотарија ќе ни доставува извештај кој ќе ги содржи точните нелегални веб-страници што организираат вакви игри. Нашата обврска во Министерството е да ја информираме Агенцијата за електронски комуникации, а prеку телеком операторите, во рок од пет дена, да обезбедиме забрана и исклучување на тие нелегални веб-страници од јавната комуникација,“ појасни Андоновски. Тој потенцираше дека при почетната проверка, идентификувани се повеќе од 160 нелегални приредувачи на игри на среќа.
The post Над 160 нелегални веб-страници за игри на среќа постојат во Македонија appeared first on 365.mk.
©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.