Доколку ви останале јајца од Велигден, можете да ги искористите за многу вкусен намаз.
СОСТОЈКИ:
6 варени јајца, крупно изрендани
1 китка ситно сечкан млад кромид, зелениот дел
1/4 китка ситно сечкан магдонос
50 гр постаро сирење, ситно изрендано
4 лажици кисела павлака
1 кафена лажичка сенф
морска сол
Бибер
ПОДГОТОВКА:
Соединете ги сите наведени состојки, добро измешајте.
Ставете во фрижидер да се излади малку.
Послужете со тост леб со семки.
Пријатно!