1 кг ослич (или некоја друга бела риба)
4 компири
1 морков
1 чешне лук
70 мл маслиново масло
2 лажици сенф
сок од 1 лимон
1 лажичка сув зачин
1 лажичка јаболков оцет
сол и мелен црн пипер
Осличот исчистете го, измијте го, попрскајте го со оцетот и оставете го да отстои 1 час. Исплакнете го со вода и ставете го во тенџере на оган. Додадете ги излупените компири и морковот, сол и црн пипер и сварете.
На рибата извадете и ги кожата и коските и ставете ја во сад. Додадете ги зеленчукот, сенфот и сокот од лимон. Постепено додавајќи го маслото матете со миксер додека добиете хомогена смеса. Лукот ситно исечете и додадете го во садот. Потоа додадете го сувиот зачин и промешајте го намазот.