„Наместо студен камен, никнуваат дрвја што ќе растат, ќе се гранат и ќе сведочат за нивното постоење“ – засадени 63 јавори во чест на жртвите од „Пулс“

„Здружението на граѓани 16.03.2025“ формирано од граѓани и родителите на жртвите во дискотеката „Пулс“ во Кочани, засадија 63 јавори во чест на 63 жртви од трагичниот пожар.

„63 јавори — еден за секое младо животче што го изгубивме. Овој чин не е само еколошка акција, туку длабоко симболичен и човечки гест.

Секој јавор претставува жив споменик, тивок знак на почит и сеќавање. Наместо студен камен, никнуваат дрвја што ќе растат, ќе се гранат и ќе сведочат за нивното постоење. Тоа е симбол на живот, надеж и сила — порака дека нашите деца никогаш нема да бидат заборавени.

Вашата поддршка и солидарност токму во најтешките моменти ја покажува вашата општествена одговорност и човечност.“

Пронајдете не на следниве мрежи: