Намирницата која што сите ја користиме во исхраната, особено во диетите – може да доведе до смрт

Многумина уживаат во консумирањето ориз, а научиците дошле до изненадувачко откритие поврзано со оваа намирница.
Секако, јадењето премногу ориз го зголемува ризикот од срцеви проблеми кои што можат да доведат до смрт.
Истражувањето кое што било спроведено во Британија, покажува дека од 25 отсто од луѓето кои што консумирале ориз, 6 отсто од нив имале зголемен ризик од смрт.
Хемикалиите природно се собираат во посевот и поврзани се со многу болести, меѓу кои и карциномот, но и болести на џигерот, што во посериозните ситуации може да доведе до смртоносен исход.


Оризот ширум светот се користи како диетален оброк на кој што се ”радуваат” многу луѓе.
Глобално, проценето е дека арсенот кој што се наоѓа во зрното ориз, виновен е за над 50 илјади предвремени смртни случаи годишно.
Арсенот природно се појавува во тлото и се зголемува на местата каде што за наводнување се користи хербицид врз база на арсен или пак вода обложена со токсини.
Оризот се одгледува во поплавени услови и тоа го извлекува арсенот од земјата во водата, пред можната апсорбација во растението.
Оризот е посебно погоден затоа што арсенот се меша и со другите хемикалии кои што растението ги апсорбирало по пат на коренскиот систем.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.