четврток, 12 ноември 2026
Најново

Намирница која задолжително треба да ја јадете наутро доколку сакате да ослабнете

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Процесот на слабеење за многумина е долготраен и тежок процес, меѓутоа, консумирањето јајца наутро може да го забрза тој процес.

Храната која ја консумираме е исклучително важна за нашето здравје. Исто така, постојат истражувања кои го докажуваат внесот на одредени намирници и можат да го поттикнат намалувањето на вишокот килограми.

Една од тие намирници особено е делотворна во раните утрински часови, а станува збор за јајцата, за многумина омилениот појадок.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Истражувањата покажуваат дека јајцата ги поттикнуваат активностите на метаболизмот и го зголемуваат чувството на ситост, а појадокот којшто се темели на јајца може да спречи прејадување во текот на денот, односно претерано внесување на храна.

Нутриционистите нагласуваат дека јајцата содржат големи количини на протеини и имаат многу малку калории. Многумина го поттикнуваат слабеењето, односно намалувањето на килограми доколку ги консумираме како дел од разновидната исхрана и ги јадеме без дополнителни масти или шеќери.

Поврзани вести