Намирници кои ги исфрлаат вишокот течности од организмот и го регулираат крвниот притисок

Доколку задржувањето вода во телото или високиот притисок ви претставуваат проблем, во исхраната треба да вклучите намирници кои имаат диуретичко дејство.

Овој список на намирници ќе ве ослободат од вишокот течности во организмот, ќе го забрзаат слабеењето и ќе го снижат покачениот притисок.

1. Овес
Оваа намирница е врвна храна за губење вишок килограми. Овесните снегулки ќе ви помогнат да ги исфрлите вишокот течности од организмот.

2. Лимон
Не само што ќе го подобри вкусот на обичната вода, лимоновиот сок може да ви помогне и за висок притисок и други здравствени проблеми.

3. Прокељ
Иако за многумина не е еден од омилените производи, прокељот е исклучително здрав и корисен во борбата против вишокот килограми.


4. Ѓумбир
Навистина е тешко да се набројат сите здравствени придобивки на оваа билка со препознатлива арома. Помеѓу другото, ѓумбирот помага и во исфрлањето течности од телото и го зајакнува имунитетот.

5. Јаболков оцет
Ова е уште еден производ кој сигурно секогаш го имате во кујната, а многу е здрав и има многу корисни намени, како за зачувување на здравјето и за одржување на домаќинството. Јаболковиот оцет го стимулира организмот да се прочисти и да се ослободи од вишокот течности.

6. Цвекло


Овој зеленчук е одличен диуретик, а содржи и антиоксиданси кои го штитат организмот од штетното дејство на слободните радикало.

7. Зелка
Уште еден диуретик кој можете да го јадете на многу начини, а тој секогаш ќе ви обезбеди значајни количини на лековити материи.

8. Сок од брусница
Овие вкусни бобинки се одлични за здравјето на уринарниот тракт, помагаат во работата на бубрезите и дејствуваат како природен диуретик.

9. Магдонос
Овој производ е одличен начин да го прочистите организмот од штетни материи и да го зајакнете имунитетот.

10. Напивки со кофеин
Кафето, чајот и другите напивки што содржат кофеин се одлични диуретици, само важно е да го земате во умерени количини.


11. Домат
Ова овошје е моќен диуретик и ќе ви помогне да ја намалите подуеноста.

12. Лубеница
Кога е сезона на овој вкусен зеленчук, не заборавајте почесто да уживате во неговите сочни залачиња – лубеницата е еден од најдобрите начини да се ослободите од вишокот течности и да го забрзате процесот на слабеење.

13. Вода
Ако редовно внесувате течности во организмот, метаболизмот ќе ви биде побрз и полесно ќе се ослободите од подуеноста.


14. Краставица
Овој зеленчук, како и лубеницата, се состои главно од вода и затоа пожелно е што почесто да го има на вашата трпеза.

15. Лук
Овој производ го прочистува организмот на многу начини, па затоа задолжително вклучете го во вашето мени.

16. Морков
Иако е познат по тоа што позитивно влијае врз видот, морковот е и одличен диуретик.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.