Намирници кои можете да ги јадете навечер – нема да бидете гладни и подобро ќе спиете

Доколку чувствувате глад во доцните вечерни часови, секако не треба да го игнорирате. Меѓутоа, експертите и нутриционистите препорачуваат лесен и здрав оброк наместо тешка храна.
Во продолжение, ви даваме пример за 5 здрави намирници кои ќе ве заситат.
Киви
Според зборовите на нутриционистката Саманта Кесети, кивито е одлична намирница која содржи серотонин и може да ви помогне полесно да потонете во сон. Покрај тоа е богато со витамин Ц и влакна, што го намалува чувството на глад.


Јаткасти плодови
За вкусна закуска која е воедно здрава, земете шака јаткасти плодови кои содржат магнезиум и цинк, а кои го поттикнуваат производството на мелатонин. Ако сакате најздрав избор за подобар сон, изберете ф’стаци, само внимавајте да не се солени бидејќи токму тие изобилуваат со мелатонин.
28 грама ф’стаци содржат околу 7 милиграми мелатонин, а покрај тоа содржат и здрави маснотии кои му „кажуваат“ на мозокот дека не сте повеќе гладни, објаснува нутриционистот Бес Бергер.
Јогурт
Според објавата на научниците во списанието „European Journal of Nutrition“, дневната консумација на јогурт може да го зајакне имунитетот бидејќи содржи бактериски култури „Lactobacillus bulgaricus“ и „Streptococcus thermophilus“. Покрај тоа, јогуртот нуди одлична количина на калциум, витамин Б и Д и други нутриенти кои го зајакнуваат имунитетот. Содржи и триптофан, аминокиселина која ќе ви помогне да заспиете бидејќи се претвора во серотонин, кој пак се претвора во мелатонин – хормон кој поттикнува добар сон.
Банана и путер од кикирики
Оваа комбинација е многу популарна помеѓу нутриционистите. Бананата содржи триптофан, калиум и магнезиум кои спречуваат појава на грчеви кои можат да го нарушат сонот. Путерот од кикирики нуди здрави незаситени маснотии, па така со него лесно ќе заборавите на чувството на глад. Доволно е да изедете една банана со една лажица путер од кикирики пред спиење за да ги задоволите потребите на организмот.
Зеленчук и хумус
Ова е одлична комбинација за добар сон, а Бергер советува да го консумирате својот омилен зеленчук со 2 лажици хумус и да уживате во здрав и вкусен оброк кој содржи здрави масти, влакна и јаглехидрати.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.