Намирници што не вреди да се купуваат во големи пакувања

Големите пакувања на храна гарантираат пониска цена за производот. Ако имате големо семејство или подготвувате прослава, ова ќе биде добро за вашиот буџет.
Но, помалите семејства не само што нема да заштедат на овие купувања, туку ќе изгубат пари.
Овие 5 намирници не вреди да ги купувате во големи пакувања:
1. Јајца
реклама
Воздржете од купување големи пакувања од 30 јајца, ако немате големо семејство или не готвите често. Потрошувачките јајца имаат рок на траење обично до четири недели, така што постои можност половина од пакетот да остане неискористен. Понекогаш не е доволно цената да ве привлече, треба да знаете дали навистина ви е корисно.


2. Зачини
Зачините не се расипуваат, но со текот на времето го губат интензитетот на вкусот и аромата. После шест месеци, зачините ќе престанат да го имаат свој „ароматичен“ ефект, иако некои зачини, како стапчиња од цимет, можат да потраат и до една година.
3. Масла за готвење
Во маслото ги готвиме повеќето јадења, па има смисла да купиме голема амбалажа да заштедиме, нели? Но, реално, зависно од тоа какво е, по одреден период маслото може да почне да се расипува, а за три до шест месеци вашата инвестиција воопшто нема да се исплати.
4. Индустриски сосови
Во однос на цената, секогаш вреди да се купи поголемо пакување на индустриски сосови, како мајонез или кечап. Сепак, треба да се напомене дека нивниот рок на траење е драстично намален откако ќе се отвори, па доколку не ги консумирате често, не вреди да ги купите во големо пакување за да се расипе, дури и ако е поевтино.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.