Нанесете парфем како што го прават тоа Французинките!

Французинките се синоним за беспрекорен стил, кој се базира на едноставност, а освојува со романтичност. Парфемот одсекогаш бил еден од моќните афродизијаци, па ако имате дилема како правилно да го нанесете, прочитајте го текстот во продолжение.
Летото е период, кој бара лесни мирисни ноти, а секоја од нив има варијации во самото производство. Најсилен е парфемот кој е некоја послаба верзија на “Eau de parfum”, а најслаб е “Eau de toilette”.
Парфемот секако најдолго останува на вашето тело и има најсилен ефект, па затоа ако се одлучите за него, имајте превид дека во бонтонот стои дека преголема количина на парфем е непристојна, бидејќи можете да ја “загадите” околината. Затоа, пронајдете идеална мерка во која вие, но и вашата околина ќе се чувствува пријатно.


Што налага француското училиште, кога станува збор за парфемот?
Тоа налага парфемот да се нанесува на долниот дел од раката, малку над дланката (не премногу блиску, бидејќи ќе го отстраните при миење раце). Следно, зад увото или под вилицата. Следен е лактот и пределот под колената. На овој начин луѓето ќе го почувствуваат вашиот мирис додека се движите, поздравувате… односно во секој момент.


Уште неколку интересни совети. Постојат летни и зимски мирисни ноти. Затоа, секоја жена би требало да има две омилени мирисни ноти, кои ќе ги користи во текот на летниот и зимскиот период. Како што е нагласено, зимата дозволува посилни мириси, а летото лежерни и лесни.
Кога нанесувате парфем, никогаш не ги тријте рацете една од друга. Едноставно прснете и почекајте кожата да го впие мирисот или прснете, па поминете низ мирисниот млаз.
Ако не сте сигурни кој парфем е идеален за вас, посоветувајте се со стручно лице во таа област, кое може да ви даде корисни совети.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.