Наоми Кембел ги откри сите свои атрибути во секси проѕирен фустан! Поради еден детал никој не ја препозна манекенката

Манекенката Наоми Кембел присуствуваше на вечерта на магазинот Harper’s Bazaar во Њујорк во атрактивен црн фустан и со нова фризура.Манекенката Наоми Кембел , познат поранешен супермодел , присуствуваше на вечерата на еден престижен моден магазин во Њујорк. Таа за свечената пригода избра интересна креација – црн фустан од лесен, проѕирен материјал. Горниот дел е плисиран, а под него моделот не носеше градник, а долниот дел ги покрива колковите и е направен од проѕирен материјал кој благо паѓа. Наоми имаше едноставни црни салонки и атрактивен накит. Многумина не ја препознаа поради нејзината необична фризура – ја завитка долгата темна коса, така што има многу мали локни кои лабаво паѓаат.Манекенката зрачи со самодоверба додека позираше на настанот по повод објавувањето на новото, специјално издание на престижното модно списание.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.